Полициски час за викенд од 16 до пет часот

49

На предлог на Комисијата за заразни болести и по заклучок на Главниот координативен кризен штаб за целосна координација за спречување на внесување и ширење на коронавирусот COVID-19, Владата донесе одлука за измени и дополнувања на забраната на движење на целата територија на Република Северна Македонија за време на деновите на викендите.

Со овие измени и дополнувања забраната за движење во деновите на викендот, односно во сабота и недела, ќе започнува во 16 часот и ќе трае до пет часот.

Сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се прилагодат на новите ограничувања за движење и да го завршат работниот процес најдоцна до 15 часот.

Сите претходно донесени забрани и ограничувања, остануваат во сила.