Половина од деловните субјекти барем еднаш организирале континуирана професионална обука

24

obuka-pixabay

Фото: Pixabay

Во 2015 година, 2.515 деловни субјекти, т.е. 45,9% од деловните субјекти имаат организирано барем еден од видовите на континуирана професионална обука, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Внатрешните курсеви за континуирана професионална обука се застапени во 1.919 деловни субјекти што претставува 35% од вкупниот број на деловни субјекти, додека надворешните курсеви се застапени со 32,8%, т.е. во 1.800 деловни субјекти.

Континуираната професионална обука е најзастапена во деловните субјекти кои имаат повеќе од 250 вработени, односно 70,4% од овие деловни субјекти има организирано барем еден од видовите на континуирана професионална обука.

Деловните субјекти во државна сопственост кои спроведуваат континуирана професионална обука претставуваат 63,7% од вкупниот број деловни субјекти во државна сопственост.