Полска прва, Македонија 89-та по извоз на паста за заби

97

Македонија лани извезла паста за заби во вредност од 37.000 долари или 15,9% помалку во однос на 2018 година. Овој износ ја прави земјава 89-та по извоз на паста за заби во светски рамки.

Податоците на World’s top exports покажуваат дека вкупниот извоз на паста за заби во 2019 година, на глобално ниво, достигна вредност од четири милијарди долари, што е 3,9% помалку во однос на 2018 година.

Најголем извозник на паста за заби во светски рамки лани беше Полска со 417,5 милиони долари. Меѓу петте најголеми извозници на паста за заби во светот лани беа и: Германија (395,6 милиони долари), Кина (392,6 милиони долари), САД (277,9 милиони долари) и Словачка (277,6 милиони долари).

Од земјите во регионот, Бугарија лани извезла најмногу паста за заби и тоа во висина од 29 милион долари. Потоа следуваат: Словенија (19,6 милиони долари), Хрватска (четири милиони долари), Грција (3,8 милиони долари), Србија (1,2 милиони долари),  Албанија (826.000 долари), Босна и Херцеговина (78.000 долари) и Црна Гора (40.000 долари).

Фото: Pixabay