Полска создава голема мултиенергетска компанија

51

Полска создава голема мултиенергетска компанија преку спојување на PKN Orlen, најголемата рафинерија за нафта во однос на приходите, со помалата рафинерија Lotos и производителот на природен гас PGNiG, соопшти полскиот вицепремиер Јацек Сасин.

Минатата година Orlen имаше приходи од над 111 милијарди злоти (околу 24 милијарди евра), приходите на Lotos изнесува скоро 6,7 милијарди евра, а на PGNiG 9,4 милијарди евра, пренесува Seebiz.

Сите три компании котираат на берзата во Варшава, а Министерството за финансии е нивниот најголем акционер, со 27,5% удел во Оrlen, 53% од акциите во Лотос и 72% удел во PGNiG.

Европската комисија ја одобри првата фаза од планот, одобрувајќи Orlen да го преземе Lotos, под бројни услови. Orlen ќе мора да продаде 30% од акциите во рафинеријата Lotos во Гдањск и околу 80% од акциите во мрежата на бензински пумпи во Полска и складишта за гориво на Lotos.

Фото: Facebook