Најголемиот електронски малопродажен синџир во Полска, Allegro планира да собере 2,1 милијарди долари капитал, преку котација на Варшавската берза.
Компанијата планира на инвеститорите да им понуди 187,8 милиони акции, вклучувајќи ги и постоечките 163,6 милиони акции.
Доколку сите акции најдат инвеститор, Allegro планира да понуди уште 15% акции, со што максималната вредност на понудата би била 2,34 милијарди долари, пренесува Пословни дневник.
Доколку акциите на Allegro ја постигнат максималната цена, тоа ќе биде најголемата котација на Варшавската бера. Во овој момент таа позиција ја држи осигурителната компанија PZU, којашто во 2010 година со иницијална понуда на Варшавската берза собра нешто повеќе од две милијарди долари.
Инаку, Allegro е најпопуларна интернет продавница во Полска и ги надминува светските гиганти како што е американски Amazon.
Фото: Facebook