Полски компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

54

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија денес во Варшава потпиша Меморандум за соработка со полската Агенција за информации и странски инвестиции.

Меморандумот за соработка го потпиша Директорот на Агенцијата Висар Фида. Амбасадата на Република Македонија во Варшава исто така пружи значајна поддршка во овој процес.

Со промоции и директни состаноци помеѓу македонски и полски фирми, најинтересни македонски производи за полскиот пазар се покажаа земјоделските производи, конзервираните производи и македонското вино. Неколку фирми од текстилниот и автомобилскиот сектор се пред одлука за инвестирање во нашата земја.

Во рамки на потпишувањето на Меморандумот за соработка, Директорот на Агенцијата Фида, ги презентираше можностите за инвестирање во Македонија пред 20-ина важни полски фирми, кои веќе извезуваат и инвестираат во странство.