Помалку фатални авионски несреќи во 2020 година

52

Бројот на жртви во големи авионски несреќи во 2020 година бее 299, што е повеќе во споредба со 2019 година, но вкупниот број на несреќи е намален за 50%, покажуваат податоците на холандската компанија Tо70.

Според анализата, ланската година се регистрирани 40 несреќи во коишто учествувале големи комерцијални патнички авиони, од кои пет биле фатални, предизвикувајќи 299 смртни случаи. Во текот на 2019 година, имало 86 несреќи со 257 смртни случаи.

Намалениот број на несреќи е резултат на помалку летови поради кризата што ја предизвика пандемијата. Според податоците, воздушниот промет лани беше намален за 42%.

2017 година беше најбезбедна година во воздушниот сообраќај во светот, со само две фатални несреќни во коишто учествуваа помали авиони, со 13 смртни случаи. Фатални несреќи со големи авиони немало таа година.

Фото: Freepik