Помалку издадени одобренија за градење во јуни

28

Во јуни оваа година се издадени 202 одобренија за градење, што е за 1,5% помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.269.468.000 денари, што е за 23% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 128 (63,4%) се наменети за објекти од високоградба, 26 (12,9%) за објекти од нискоградба и 48 (23,7%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 202 објекти, на 124 (61,4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 78 (38,6%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 516 станови, со вкупна корисна површина од 34.471 метри квадратни.

Фото: Pixabay