Помалку летови, поскапи билети – нови трендови во авиопревозот

34

Иако бројот на патници расте како што се намалуваат ограничувањата наметнати во текот на пандемијата, авиокомпаниите и понатаму го намалуваат бројот на летови и ги поскапуваат билетите бидејќи на тоа се принудени поради недостигот од пилоти и побрзото темпо на побарувачка од очекуваното, пренесуваат американските медиуми.

Патниците кои веќе резервирале билети за својот летен одмор, експертите препорачуваат да бидат внимателни околу можноста за промена на резервациите, а оние кои сега купуваат билети, да обрнат внимание на повисоките цени.

Минатата недела на бројот на патници на националните летови за САД достигна два милиони дневно, приближувајќи се на нивото од пред пандемијата.

Во текот на пандемијата, авиокомпаниите поделиле многу откази и брзо го повлекле екипажот и останатите вработени, испраќајќи ги на принуден одмор. Некои од нив нашле нова работа, некои почнале да возат камиони, други да работат во складишта, а некои пак побарале социјална помош.

Американските авиокомпании примиле 48 милијарди долари државна помош за надминување на последиците од пандемијата.

Авиокомпаниите се соочуваат со недостаток на пилоти и авио механичари и пред пандемијата, бидејќи голем дел од ни биле ангажирани во текот на 80-тите години и во меѓувреме се пензионирале.

Фото: Pexels