Помалку одобренија за градење во јануари

28

Во јануари оваа година се издадени 199 одобренија за градење, што е за 24,6% помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.016.567.000 денари, што е за 40,9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 105 (52,8%) се наменети за објекти од високоградба, 38 (19,1%) за објекти од нискоградба и 56 (28,1%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 199 објекти, на 90 (45,2%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 109 (54,8%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 182 станови, со вкупна корисна површина од 17.325 метри квадратни.

Фото: Pexels