Помалку одобренија за градење во мај

45

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2020 година се издадени 161 одобрение за градење, што е за 27,5% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.559.061.000 денари, што е за 60,9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 81 (50,3%) се наменети за објекти од високоградба, 28 (17,4%) за објекти од нискоградба и 52 (32,3%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 161 објект, на 85 (52,8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 76 (47,2%) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 432 станови, со вкупна корисна површина од 35.471 метар квадратен.

Фото: Freepik