Помалку познати факти за Apple

27

Фото: Pexels

Apple е меѓу најголемите компании, коишто и покрај огромниот интерес, успеваат да ги задржат повеќето проекти и планови во тајност. Еве неколку факти што сепак изглегоа на површината.

Во јули, 2011-та година, Apple имал повеќе пари во банка, отколку американската влада.

Вработен во главната дирекција на Apple заработува просечно по 125.000 долари годишно.

Секоја минута, Apple заработува $300.000 долари.

Во четвртиот дел од филмот Mission Impossible: Ghost Protocol, производите на Apple се појавиле речиси 8 минути во текот на филмот. Проценката за ваков тип на реклама изнесува 23 милиони долари. Apple не платил ниту цент.

За да надгледуваат 200.000 работници во Кина, Apple морале да вработат повеќе од 8.000 инженери. Процесот во Америка би траел околу 9 месеци. Во Кина биле потребни само 2 недели за вработување на истите.

Apple има тројца коосновачи. Тоа се Стив Џобс, Стив Вознијак и Рон Вејн. Последниот сепак се откажал од компанијата две недели по нејзиното формирање. Добил само 800 долари, но ако останал, денес ќе беше милијардер. Вејн постојано велел дека не жали за својата одлука.

Иако денес Apple да е една од најбогатите компании со стотици милијарди долари во нивните банкарски сметки, на почетокот не било така. Вознијак го продал својот џебен калкулатор, а Џобс своето омилено комбе на Volkswagen, за да соберат доволно пари во првите денови на Apple.

Како компанијата толку години успева да ги задржи нивните важни проекти во тајност? Новите вработени често работат на неколку различни проекти. Меѓу нив има и лажни, чија единствена цел е да се провери дали може да им се верува.

Продавницата на компанијата во Менхетен е најскапата Apple продавница во светот. Трошоците за градење на оваа продавница биле над 10 милиони долари. Исто така е најсликаната продавница во светот.

Apple моментално има околу 500 продавници низ светот, во 18 земји и 851 милјарди долари пазарна вредност.