Помалку работници во индустријата во октомври

54

Бројот на работници во индустријата во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 4,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, бележи опаѓање од 0,9%, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 5,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,6%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 1,4%, Интермедијарни производи, освен енергија за 6,3%, Капитални производи за 4,1%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – октомври 2020 година, во однос на периодот јануари – октомври 2019 година, е намален за 4,7%

Фото: Freepik