Помалку работници во индустријата во септември

42

Бројот на работници во индустријата во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 4,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи опаѓање од 0,7%, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 5,1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,6%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 1,3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 5,7%, Капитални производи за 4,6%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,6%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2020 година, во однос на периодот јануари – септември 2019 година, исто така, е намален за 4,7%.

Фото: Freepik