Помина пикот на епидемијата во Кина

88

Кинески претставници соопштија дека бројот на нови случа и корона вирусот се намалува и помина пикот на епидемијата.

Бројот на новозаразени од корона вирусот во еден ден во Кина се намали на 15, што е најнизок број од почетокот на објавување на податоците од средината на јануари, пренесува ВВС.

Меѓу новите случаи на заразени, шест лица се дојдени од странство што укажува на нови предизвици за кинеските санитарни власти, коишто успеаја да го запрат ширењето на епидемијата на своја територија.

Во градот Вухан, што важеше за епицентар на епидемијата и каде вирусот се појави во декември, има осум новозаразени. Тоа е прв пат бројот на заразени да е под 10.

Како се намалува налетот на епидемијата, властите почнале да ги ублажуваат ограничувањата, а се очекува и училиштата повторно да проработат. Исто така, повеќе компании добиле дозвола постепено да се враќаат на своите активности.

Фото: Pixabay