Помогнете му на вашето дете во изборот на образовната и кариерна патека!

184

ceed-edu-580x321

Грижата, воспитувањето и образованието на децата претставува вистински предизвик за родителите. Но, сигурно еден од најголемите предизвици со кој се соочуваат родителите е моментот кога нивното дете треба да одлучи во кое училиште/факултет да го продолжи неговото образование и кое е вистинското занимање  за него.

Добра вест за сите родители е новата програма на ЦЕЕД ЕДУ посветена на професионалната ориентација и планирање на кариера за ученици од основно и средно образование. Целта на програмата е да им помогне на децата и младите при изборот на соодветно образование и занимање, што е чекор поблизу до посакуваната кариера. Тоа ќе се постигне преку самопроценка на интересите на децата, нивните способности и талент за одредена работа, истражување на образовни и кариерни можности и изработка на индивидуален кариерен план со помош на врвни професионалци.

За кариерното насочување, ЦЕЕД ЕДУ ќе го имплементира европскиот петтофазент модел за професионална ориентација, којшто се состои од:

  • Самозапознавање: Поттикнување на личните афинитети и креирање реална слика за себе, оспособување за самопроценка и подобрување на капацитетот за саморазвивање; Преку осмислени и креативни работилници и тестови за професионална ориентација секој да си ја открие својата личност и да дојде до одговор на прашањата: Што ме интересира? Што ми е важно? Кои се моите силни страни, интереси, вредности, таленти? Кој/а всушност сум ЈАС?
  • Информирање и истражување: Стекнување на вештини за прибирање, селекција и правилно користење на информации за образовните и кариерните можности; Откривање кои занимања постојат и какви се можностите за понатамошно образование и кариера.
  • Образовни и кариерни патеки: Споредување на сопствените интереси, способности, таленти, со барањата на занимања кои ме интересираат и образовни институции каде би го продолжил своето образование; Наоѓање одговор на прашањата: Дали моите интереси и способности одговараат на посакуваното занимање? Кое училиште/факултет ги исполнува моите очекувања? Во кои предмети треба да сум посебно добра/ар?
  • Средби со светот на бизнисот: Преку посети на компании, набљудување на работни места и реални средби со работодавачи да се истражат посакуваните занимања, како и кое образование и каква едукација е потребно за истото; Наоѓање одговор на прашањето: Дали после истажувањето на одредено занимање и образовни институции (училишта или факултет), сè уште сакам да го работам тоа, односно сакам да се запишам на тоа училиште/факултет?
  • Донесување на одлука и изработка на кариерен план: Да се пополни кариерно портфолио со сите добиени резултати и информации; Да се направи план со реални цели и активности кои треба да доведат до посакуваната кариера.

Оваа програма е наменета за ученици на возраст од 12 до 14 години (основно образование) и за средношколци на возраст од 16 до 18 години.

Програмата ќе се одвива на групни работилници, индивидуални средби, како и работилници за родителите. Ќе се реализираат вкупно 11 модули  – 10 модули (работилници) со времетраење од три часа и еден модул – набљудување на конкретни работни места и директна средба со ментор од избраната компанија.

На крајот на програмата, секој од учесниците ќе добие сопствено кариерно портфолио и конкретен план со цели и активности за остварување на посакуваната кариера.

ЦЕЕД Македонија работи на едукација и на деца и млади. ЦЕЕД ЕДУ е програма која ги развива претприемничките вештини на децата и младите преку пренесување, доживување и директни средби со светот на бизнисот. Програмата е изградена врз основа на знаењата и искуствата на експерти од областа на едукацијата и кариерниот развој, како и на искуствата од менаџери и претприемачи.

ЦЕЕД ЕДУ е креирана да ја надополни потребата на децата и младите успешно да влезат во светот на идните професии и да развијат вештини  што ќе им помогнат да изградат успешна кариера.

Рокот за пријавување е 15 октомври. За првите 10 пријавени следува специјален попуст.

Специјална понуда за компаниите што ќе инвестираат во децата на вработените.

За повеќе информации за програмата или закажување состанок, обратете се до:

Цанка Велкова, cvelkova@ceed-macedonia.org, моб. 075  295 075

Ѓорѓи Кушевски, gkusevski@ceed-macedonia.org, моб. 076 360 107