Пониски цени на индустриските производи во јануари

20

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јануари се пониски за 0,6% на месечни и 6,1% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јануари 2015, во споредба со декември 2014, продажните цени на производителите на индустриски
производи на домашниот пазар се пониски во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8%,
Енергија за 0,7%, и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2%.

Во јануари 2015, во споредба со јануари 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 12,3%, Капитални производи за 4,3%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 2,1% и Интермедијарни производи, освен енергија за 2%.