Пониски цени на индустриските производи вo јули

22

Продажните цени на производителите на индустриски производи во јули оваа година се пониски за 0,3% на месечно, а 0,8% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јули 2014, во споредба со јуни 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, 
вкупно, во секторот Рударство и вадење на камен се повисоки за 0,9%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,3%. 

Во јули 2014, во споредба со јули 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи, 
вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3,2%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 1% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,3%.