Пониски цени на индустриските производи во октомври

21

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во октомври оваа година, се пониски за 0,5% на месечно ниво, а за 0,6% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во октомври 2020, во споредба со септември 2020, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3,2%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,3% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,8%.

Во октомври 2020, во споредба со октомври 2019, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2,5% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,5%, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 1,2%.

Фото: Freepik