Пониски цените на индустриските производи на домашен пазар

14

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јули оваа година се пониски за 0,2% на месечно, односно за 0,7% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јули 2014, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3%, во групата Капитални производи и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2% и во групата Енергија за 0,1%, додека во групата Трајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво. 

Во јули оваа година, во споредба со истиот период лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,2%.