Пониски продажни цени на индустриски производи во март

55

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во март оваа година, се пониски за 1,4% на месечно ниво, а повисока за 0,3% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во март 2020, во споредба со февруари 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5,3%, во секторот Преработувачка индустрија за 1% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,3%.

Во март 2020, во споредба со март 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 12% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6,8%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1,8%.

Фото: Pixabay