Пониски продажни цени на индустриските производи во мај

25

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во мај оваа година, се пониски за 0,3% на месечно ниво и повисоки за 0,2% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во мај 2020, во споредба со април 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 0,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8%.

Во мај 2020, во споредба со мај 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Капитални производи за 0,1%, Трајни производи за широка потрошувачка за 3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4%.

Фото: Freepik