Пониски продажните цени на индустриски производи во април

29

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во април оваа година, се пониски за 0,1% на месечно ниво, а на годишно ниво за 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика

Во април 2020, во споредба со март 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 10,2%, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 0,5% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,5%.

Во април 2020, во споредба со април 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 19,9% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,4%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1,7%.

Фото: Freepik