Пониски продажните цени на индустриски производи во мај

28

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во мај оваа година, се пониски за 0,1% на месечно ниво, а за 0,2% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во мај 2020, во споредба со април 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2,4%, во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0,2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација остануваат непроменети.

Во мај 2020, во споредба со мај 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 16,1% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,2%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1,5%.

Фото: Freepik