Пониски продажните цени на индустриските производи во декември

20

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во декември 2014 година, се пониски за 2,1% на месечно ниво, а за 2,8% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во декември 2014, во споредба со ноември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0,7%, во секторот Преработувачка индустрија за 2,4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,1%.

Во декември 2014, во споредба со декември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 11,1% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6,2%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 4,6%.