Пониски продажните цени на индустриските производи во ноември

10

Продажните цени на производителите на индустриски производи во ноември се пониски за 0,5% на месечно ниво, а 1,3% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во ноември минатата година, во споредба со октомври 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1,3%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,5%.

Во ноември 2014, во споредба со ноември 2013, продажните цени на производителите на индустриски
производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 6,6% и во секторот Снабдување со
електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 7,4%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 2,6%.