Пониски трошоците во градежништвото за изградба на нови објекти за домување

27

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во првото тримесечје од оваа година, во однос на истиот период лани, бележат намалување од 1,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од оваа година, во споредба со четвртото тримесечје од 2013 година, трошоците во
градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 1,8%, трошоците за материјали се пониски за 1,4%, а трошоците за вработените се пониски за 3,1%.

Во првото тримесечје од 2014 година, во споредба со првото тримесечје од 2013 година, трошоците во
градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 1,6%, трошоците за материјали се пониски за 3,1%, а трошоците за вработените се повисоки за 3,2%.