Пониски трошоците во градежништвото за нови обејкти за индивидуално домување

22

Во првото тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за првото тримесечје од 2014 година, се пониски за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2015 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2014 година, трошоците во
градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 2,8%, трошоците за материјали се
пониски за 1,3%, а трошоците за вработените се пониски за 6,8%.

Во првото тримесечје од 2015 година, во споредба со првото тримесечје од 2014 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0,1%, трошоците за материјали се пониски за 1,2%, а трошоците за вработените се повисоки за 2,9%.