Понизок индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај

21

rabotnici-vo-industrija-prerabotuvacka-pixabay

Фото: Pixabay

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2017 година е за 0,4 процентни поени понизок во однос на претходниот месец, а во однос на мај 2016 година е зголемен за 2,1 процентен поен.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во мај 2017, во однос на април 2017 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe намалени во однос на претходниот месец.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во мај 2017 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на мај 2016 година. Се очекува бројот на вработени да остане речиси ист.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2017 година изнесува 64% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 22,2%, недоволната домашна побарувачка со 19%, недостигот на квалификувана работна сила со 18,1% и неизвесното економско опкружување со 11,2%.