Понуди за набавка на 150 товарни вагони

22

Во Македонски Железници Транспорт АД – Скопје вчера беше одржано отворање на понуди за набавка на 150 товарни вагони. Поднесените понуди беа од осум понудувачи од компании од Чешка, Романија, Хрватска, Кина, Словачка, Србија и Индија, од кои седум комплетни и една некомплетна.

Планирано е да бидат набавени 75 нови зглобни интермодални вагони од серија Sggrss-80 и 75 нови плато вагони од серија Eass-Z-(K) во рамките на Проектот за обнова на возниот парк на МЖ Транспорт АД – Скопје во соработка со Владата преку Министерството за транспорт и врски и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Како што се наведува во соопштението од Македонски железници, во наредниот период следува детална евалвација на понудите која на крајот треба да резултира со избор на најповолниот понудувач кој треба да ги изработи и испорача товарни вагони за превоз на стока.