Пообилни врнежи од дожд во јужните делови

14

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови, каде наместа ќе навртнат 30 л/м2. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од источен правец. Дневните температури ќе се движат од 11 до 17 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 16 степени.