Попладне можен слаб дожд

14

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно, а попладне и кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб, а долж Повардарието повремено умерен југоисточен ветер. Дневните температури ќе се движат од осум до 14 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 12 степени.