Попова кула со добивка од 2,4 милиони денари во првите девет месеци

19

popova kula

Винарската визба Попова кула од први јануари до 30 септември оваа година оствари добивка од 2.436.000 денари, покажува билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.

Попова кула истиот период минатата година евидентираше добивка од 1.649.000 денари.

Приходите од продажба во првите девет месеци од годината се 32.861.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 23.773.000 денари, додека остатокот од 7.088.000 денари отпаѓа на странски пазари.