Попова Кула со добивка од 231.000 денари го заврши првото полугодие од 2017 година

22

popova-kula

Винарската визба Попова Кула евидентираше добивка во висина од 231.000 денари, во периодот јануари – јуни оваа година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Добивката на винарската визба во првите шест месеци од минатата година беше на ниво од 670.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во текот на првото полугодие од 2017 година имаа вредност од 16.599.000 денари. На домашен пазар, од тој износ, отпаѓаат 14.482.000 денари, додека остатокот од 2.117.000 денари е остварен на пазари во странство.

Основна дејност на Попова Кула од Демир Капија е производство на вино од грозје.