Попова кула со добивка од 670.000 денари го заврши првото полугодие од 2016-та

46

popova-kula-580x435

Винарската визба Попова кула оствари добивка од 670.000 денари во текот на првите шест месеци од 2016 година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани компанијата работеше со добивка од 1.885.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, од први јануари до 30-ти јуни оваа година, имаа вредност од 16.753.000 денари. Од тој износ на домашен пазар се остварени 16.236.000 денари, додека извозот достигна 3.855.000 денари.