Поповолна економската состојба на деловните субјекти во трговијата

10

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), економската состојба на деловните субјекти од областа на трговијата според нивните раководители во второто тримесечје годинава во однос на првото е поповолна, а како поволна ја оцениле и во однос на второто тримесечје од минатата.

Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во второто тримесечје од 2014 година е поповолна во однос на првото тримесечје од 2014 година, како и очекувањата за економската состојба во наредниот период. Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на второто тримесечје од 2014 година е зголемена во однос на претходното тримесечје.

Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се дека ќе се намалат, а очекувањата за бројот на вработените е дека ќе се зголеми во однос на првото тримесечје од 2014 година.

Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во второто тримесечје од 2014 година се на исто ниво како и во однос на претходното тримесечје.

Во второто тримесечје од 2014 година, во споредба со претходното тримесечје, оценката за очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци е дека ќе се зголемат.

Најголемо влијание на ограчувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од 2014 година имале слабата побарувачка на купувачите со 35,1%, зголемената конкуренција со 16,4%, зголемената понуда на пазарот со 15% и зголемените финансиски трошоци (камати) со 10,3 %.