Поповолна економската состојба во март оваа година

10

Раководителите на деловните субјекти економската состојба во март оваа година ја оценија како поповолна во однос на претходниот месец, а како понеповолна во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолнa во однос на претходниот месец. Oценката за обемот на производството во март оваа година е понеповолна во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, додека очекувањата за бројот на вработените се понеповолни.

Во март оваа година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата.

Залихите на готовите производи во истиот период се намалени во однос на претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2014 година изнесува 59,8% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во март 2014 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 25,7%, недоволната домашна побарувачка со 18,3%, финансиските проблеми со 9,7% и неизвесното економско опкружување со 7,4%.