Попуст на летните колекции во Sport Vision

50

IMG_2699

Синџирот на продавници за спортска опрема и облека Sport Vision најавува големо намалување на летните колекции.

“Летото е идеално време за спортски предизвици, спортување, планинарење, пливање и рекреација. За таа цел потребна е спортска опрема којашто ќе одговори на потребите и воедно ќе се чувствувате удобно во неа. Привилегија и приоритет е да се има она што е квалитетно и најдобро од областа на спортот. Затоа, на барање на сите потрошувачи, Sport Vision ова лето ќе разладува со големо намалување на летните колекции“, се вели во соопштението.

Единствено овој викенд, ќе се случува голем Аутлет хепенинг со Sport Vision. Се најавува голема распродажба на летните колекции со попусти од 30% проследена со ниски цени, забава, музика и многу награди.

Од петок, 24-ти до недела, 26-ти јули сите правци ќе водат кон Аутлетот на Sport Vision лоциран во Спортскиот центар Борис Трајковски. Тимот што победува не се менува, а овие победници може да се најдат и во Скопје Сити Мол, ГТЦ, Рамстор центар, Капитол Аеродром, Палма Мол Тетово, Битола, Прилеп, Штип и Струмица.