Поради долг, Сараево во четврток ќе остане без градски превоз

58

saraevo grasЕлектростопанството на Босна и Херцеговина (ЕП БиХ) најави дека во четврток ќе ја исклучи струјата на сараевскиот водовод (ВиК) и на јавното градско сообраќајно претпријатие (ГРАС), затоа што веќе со години не ги плаќаат сметките за струја. Слична судбина ги чека и сите останати поголеми должници.

Генералниот директор на ЕП БиХ Елведин Грабовица изјави дека без струја ќе останат не само погоните на ГРАС, туку и електричната мрежа по која се движат трамвајскиот и тролејбускиот сообраќај во градот.

“Со оглед на тоа дека прекинот на испорака на електрична енергија ќе биде извршен во се уште актуелна сезона на годишни одмори, овој радикален чекор би требало да им биде поттик на одговорните за оваа ситуација итно да го решат проблемот на долговите на јавните претпријатија”, вели Грабовица.

Според медиумите во БиХ, ГРАС должи околу 1,687 милиони евра, додека Водовод околу 3,375 милиони евра.

Денес треба да биде исклучена струјата во некогаш успешните фирми Скендерија, Олимписки центар ЗОИ 84, Студентски центар Сараево и Технички ремонтен завод Хаџиќи, а за утре најавено е исклучување на струјата во Зрак, Хидроградња, Претис и Унис Претис.