Поради коронавирусот нагло скокна доставата на компјутери

34

Глобалните испораки на компјутери се зголемија во првиот квартал со најбрзо темпо во последните две децении, бидејќи голем број влади во корона-кризата организираа онлајн настава во училиштата и препорачуваа работа од далечина, покажува истражувањето на Gartner.

Според истражувањето, вкупно 69,9 милиони компјутери и лаптопи се продадени во првите три месеци од оваа година, што е за 32% повеќе од истиот период минатата година.

Lenovo зазеде водечка позиција на пазарот со удел од 25,1%, по што следат HP, Dell, Apple и Acer, се вели во извештајот.

Фото: Pixabay