Поради недостаток на чипови Stellantis ќе затвори пет фабрики

64

Stellantis во петокот соопшти дека ќе го запре производството во пет фабрики во Северна Америка следната недела поради глобалниот недостиг на микрочипови.

Погоните се наоѓаат во Илиноис, Мичиген, Мексико и две во Онтарио.

“Stellantis  продолжува да работи тесно со добавувачите за да ги ублажи ефектите во производството предизвикани од различните проблеми со синџирот на снабдување со кои се соочува нашата индустрија“, соопшти компанијата во е-пошта до CNBC.