Поради пандемијата австриски производител на скии го запира производството

117

Производителот на скии, Blizzard Ski од Австрија привремено го запре производството до крајот на февруари.

Таа одлука е донесена по падот на побарувачката и компанијата го запрела производството, а вработените ги пријавила на скратено работно време. Во исто време, приходите од продажба на скии се намалени за 25%.

До крајот на следната недела ќе бидат произведени и испорачани последните скии за оваа година. Потоа вработените ќе мора да одат на одмор, а до крајот на февруари ќе бидат пријавени на скратено работно време.

Фото: Freepik