Екстремното време поврзано со климатските промени и масовни евакуации заради заштита на загрозените луѓе го поттикнале глобалниот пораст на бројот на семејства кои биле принудени да се иселат од своите домови, а дел од нив останале долгорочно раселени, покажуваат официјалните податоци.
Во околу 98% од случаите кога луѓето биле принудени да ги напуштат своите домови во 2020 година, причина биле екстремните временски услови, стои во извештајот на Центарот за следење на интерно раселени лица.
Некои од нив можеле брзо да се врата дома, по евакуација, но од австралиските семејства што ги изгубиле домовите во шумски пожари, преку населението во пацифичките острови што беа погодени од циклон, до пет милиони жители на јужна Азија евакуирани поради невреме, сè повеќе раселени не успеале да се вратат.
Раселеноста, за жал, може да потрае со месеци или години. Богатите земји имаат сè поголем број раселени лица, на пример во САД по ураганите.
Глобално, на крајот на 2020 година имало околу 55 милиони внатрешно раселени лица, што е рекордна бројка.
Фото: Pexels











