Поранешни сопственици на Adria Airways осомничени за финансиски малверзации

24

Специјалното обвинителство на Словенија побара од судот формално да отвори истрага против поранешни германски сопственици и управа на националниот авиопревозник Adria Airways, поради финансиски малверзации што наводно предизвикале стечај во октомври 2019 година, пренесуваат словенечките медиуми.

Во извештајот се наведува дека обвинителството пронашло докази коишто ги поткрепуваат наводите дека четири лица од управата зеле 3,5 милиони евра преку консултантски договори.

Надлежните се соочиле со големи потешкотии во обидот да утврдат каде исчезнале пари од поранешниот словенечки авиопревозник.

Се наведува дека Германците почнале да ги сокриваат своите траги кога станало јасно дека банкротот на компанијата е неизбежен.

Фото: Facebook