Поранешните сопруги на Бил Гејтс и Џеф Безос донираат за проектот „Seattle waterfront“

26

Мелинда Френч Гејтс и Мекензи Скот, поранешни сопруги на милијардерот Бил Гејтс и на основачот на Амазон, Џеф Безос, се меѓу групата донатори кои учествуваат во проектот во американскиот град Сиетл.

Имено, тие двe заедно со фондот Expedia Group донирале околу 45 милиони долари на градот Сиетл за подобрување на условите во парковите и јавните површини покрај брегот во овој град на Тихиот Океан.

Подготовки за Светското првенство
Проектот Elliott Bay Connections – кој се гради на Вотерфронт Сиетл, повеќегодишна инвестиција од 781 милион долари од градот до 2025 година – ќе ги обнови и ревитализира јавните паркови пред Сиетл да стане едно од местата домаќини на Светското првенство во фудбал во 2026 година.

Проектот, кој нема да вклучува дополнителни трошоци за градот или даночните обврзници, минатата недела го најави градоначалникот на Сиетл, Брус Харел.

Покрај финансирањето на Elliott Bay Connections, Мекензи Скот дава неограничен грант од 10 милиони долари за Friends of Waterfront Seattle, кој собира 200 милиони долари за изградба на нов парк на брегот до 2025 година.