Пораснат прометот на непрехранбените проекти и горивото

23

Според податоците на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во јануари 2014 година, во споредба со јануари 2013 година, пораст на прометот е забележан во групите Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво или номинално за 21,6%, а реално за 5,3% и Трговија на мало, освен трговија со горива или номинално за 4,5%, а реално за 2,6%.

Во трговијата на мало, во јануари 2014 година, во споредба со јануари 2013 година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун или номинално за 11,2%, а реално за 12,3% и Трговија на мало со горива, односно номинално за 36,8%, а реално за 35,1%.