„Рено“ планира да укине 15-20 проценти од инженерските позиции поради силната конкуренција од Кина

Францускиот производител на автомобили „Рено“ објави дека ќе намали од 15 до 20 проценти од работните места во својот глобален инженерски оддел поради силната конкуренција од Кина, што ќе влијае на околу 2.000 вработени во следните две години.

Компанијата не зборува за класични отпуштања, но наведува дека ќе спроведе реорганизација преку национални планови за прилагодување, вклучувајќи преквалификација, внатрешни трансфери и заминување на вработените преку програми за предвремено пензионирање или доброволни програми, објавува „Фигаро“.

Овој потег е дел од планот „Подготвени за иднината“ (FutuReady), кој го претстави новиот извршен директор на „Рено Груп“, Франсоа Превост.