Пораст на бројот на работници во индустријата во ноември

13

Бројот на работниците во индустријата, во ноември оваа година во споредба со истиот период лани, бележи пораст од 8,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, бележи опаѓање од 3,8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 10,4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,7%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,2%, Капитални производи за 115,3%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,9%, и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,3%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 3,4%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – ноември 2014 година, во однос на периодот јануари – ноември 2013 година, бележи пораст од 7,9%.