Пораст на цените на индустриски производи на домашен пазар во август

28

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во август оваа година, се повисоки за 0,8% на месечно ниво и за исто толку и на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во август, во споредба со јули оваа година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 5,3%, Капитални производи за 0,1% и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,3%.

Во август оваа година, во споредба со истиот период лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 5,8%, Трајни производи за широка потрошувачка за 4,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6%.

Фото: Pexels