Пораст на цените на индустриските производи во октомври

18

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се на исто месечно ниво и повисоки за 1,2% на годишно ниво.

Во октомври 2020, во споредба со септември 2020, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во групите Енергија за 0,6%, Капитални производи за 0,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1%

Во октомври 2020, во споредба со октомври 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 6%, Трајни производи за широка потрошувачка за 3,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8%.

Фото: Freepik